Villager
VLN 2101 (МК)
12
Празнење на садот за прашина
Чистење на коморите за прашина и на садовите за собирање на прашина (7): По
продолжената работа со лентовидната брусилка, комората за прашина и садот за
прашина (7) може да бидат полни.
Затоа мора редовно да се празнат.
Исклучете го уредот и почекајте лентовидната брусилка сосема да се смири. Потоа,
спуштете го уредот, и извлечете го приклучокот од приклучницата. Употребете парче
дрво за да ја испразните комората за прашина на лентовидната брусилка.
Не ставајте ги Вашите раце во комората за прашина!
Празнење на уредот за собирање на прашина: Отворете го патентот на садот за
собирање на прашина (7). Испразнете ја содржината во канта. Избришете ја
преостанатата прашина од ободот на садот за собирање на прашина. Сега можете да го
затворите патентот. Потоа, повторно поврзете го садот за собирање на прашина на
лентовидната брусилка.
Проверете дали е брусната лента ставена во правецот на стрелките како што е
покажано на позицијата 4 на уредот, во спротивно – лентата може да се прекине.
Moнтирање на лентата на брусилката
Свртете ја шипката за затегнување (5) на надворешната страна, до крај.
Осигурете се дека шипката за затегнување (5) е свртена зад првата мртва точка.
Лентата на брусилката (10) сега е разлабавена и може да се отстрани.
Заменете ја со нова лента на брусилката.
Затворете ја шипката за затегнување (5).
Осигурете се дека шипката за затегнување (5) е прописно забравена во својата
иницијална позиција.
Подесување на лентата на брусилката
Заправилна употреба на лентата на брусилката, лентата на брусилката (10) мора да биде
во центарот на носечката плоча.
Користејќи ја завртката за подесување (11), осигурете се дека лентата на брусилката
(10) оди по права линија. За да го постигнете ова свртете ја завртката за подесување
(11) лево или десно додека работи уредот.
Погрешното подесување може да предизвика штета – или вадење на лентата на
брусилката.
Moнтирање на рамката на брусилката
Рамката на брусилката (9) овозможува единствена абразивна примена кога се
обработуваат големи дрвени површини.
Турнете го водечкото средство во рамката на брусилката (9) во адекватните отвори на
страна на носечката полча, затегнете ја навртката (14) за да ја фиксирате позицијата на
рамката (9).
Summary of Contents for VLN 2101
Page 2: ...Villager VLN 2101 SI 2 ...
Page 3: ...Villager VLN 2101 SI 3 ...
Page 15: ...Villager VLN 2101 GB 1 Electric belt sander Villager VLN 2101 Original instructions manual ...
Page 16: ...Villager VLN 2101 GB 2 ...
Page 17: ...Villager VLN 2101 GB 3 ...
Page 32: ...Villager VLN 2101 RS 2 ...
Page 33: ...Villager VLN 2101 RS 3 ...
Page 48: ...Villager VLN 2101 МК 2 ...
Page 49: ...Villager VLN 2101 МК 3 ...
Page 64: ...Villager VLN 2101 RO 2 ...
Page 65: ...Villager VLN 2101 RO 3 ...
Page 79: ......