VIVAX
MK
14
Опрема на фрижидерот
Фрижидерот како дел од опремата има разновидни стаклени полици и пластични
прегради, кои се вклучени во опремата на ладилникот - различни модели имаат
различни комбинации.
Најниската стаклена полица секогаш мора да биде во најниска положба, веднаш до
фиоката за овошје и зеленчук. За да ја прилагодите висината на полицата, повлечете
ја полицата нанадвор додека не може да се ротира и поставете ја на посакуваната
позиција.
Со цел оптимално користење на просторот во фрижидерот и замрзнувачот, дозволено
е отстранување на полиците или фиоките на замрзнувачот, во зависност од дневните
потреби.
Простор за ладење во фрижидерот и замрзнувачот
Просторот за ладење во фрижидерот и замрзнувач погоден е за ладење на храна како
овошје, зеленчук, пијалоци и друга храна што се конзумира за кратко време.
Препорачаното време на складирање е од 3 до 5 дена.
Топлите намирници не треба да се ставаат во фрижидер додека не се оладат на собна
температура.
Препорачливо е намирниците да бидат добро затворени (во сад или вреќа) пред да ги
ставите во фрижидер.
Полиците може да се преместат во висина на внатрешноста на ладилникот за
оптимално организирање на просторот.
Замрзнувачот се користи за подолго складирање на храна (до 6 месеци). За повеќе
информации во врска со должината на можното складирање, проверете го пакувањето
на производот или храната што ја замрзнувате.
Никогаш не замрзнувајте ја одмрзнатата храна.
Белешки и совети за поставување на намирниците во
фрижидерот
◆
Складирањето на сурово месо и риба чувајте го во соодветни садови во
фрижидерот, за да не дојде во контакт со друга храна или да капе. Зготвеното месо
или риба секогаш треба да се чува на полицата над суровото месо или риба за да
се избегне пренесување на бактерии. Чувајте го суровото месо или риба во сад
доволно голем за да ги собере исцедените сокови и добро покријте го. Садот
ставете го на најниската полица.
◆
Оставете слободен простор околу намирниците за да се овозможи циркулација на
воздухот. Осигурајте се дека храната не лежи на внатрешните sидови на
фрижидерот.
◆
За да спречите пренесување на вкусови, мириси или сушење, чувајте ја секоја
храна во посебен пакет или сад и покријте го. Овошјето и зеленчукот не треба да
бидат спакувани или покриени.
◆
Зготвената храна прво треба да се олади на собна температура пред да се стави
во фрижидер. На овој начин ќе помогне во одржување на внатрешната
температура и заштеда на енергија.
◆
За да избегнете расипување на храната, следете ги овие упатства:
Отворање на вратата на подолг период може да предизвика значително
зголемување на температурата во одделите на фрижидерот или замрзнувач.
Редовно чистете ги површините кој можат да дојдат во контакт со храна и
пристапните системи за одводнување.
Исчистите ги садовите за вода вода ако не се користени 48 часа; измијте го
водоводниот систем кој е поврзан со водоводот, ако водата не е црпена 5 дена.
За да спречите излегување на ладниот воздух од уредот, обидете се да го
ограничите бројот на отворање на вратите. Препорачуваме да ја отворите
вратата само кога треба да ставите или вадите храна.
Summary of Contents for CF-170LF W
Page 2: ...VIVAX ...
Page 4: ...1 HR VIVAX ...
Page 28: ...SRB VIVAX 1 ...
Page 51: ...CF 170LF W CF 170LF X И035 20 MK Упатства за употреба Гарантен лист Сервисни места ...
Page 52: ...MK VIVAX 1 ...
Page 76: ...VIVAX ...
Page 98: ...VIVAX ...
Page 99: ...CF 170LF W CF 170LF X И035 21 SLO Navodila za uporabo Garancijski list Servisna mesta ...
Page 100: ...1 SL VIVAX ...
Page 123: ...CF 170LF W CF 170LF X EN Instruction manual И035 21 ...
Page 148: ...ENG VIVAX ...
Page 170: ...VIVAX ...
Page 187: ...VIVAX ...
Page 188: ...ZZZ 9 9 FRP ...