VC-1800
Почеток на користење
1. Составете ја четката, цевката и цревото.
2. Извлечете го кабелот за напојување до полна
должина и вклучете го во струјна утичница.
3. Вклучете го уредот со притискање на копчето
за вклучување/исклучување.
Додатоци
Вклучете го флексибилното црево
Зацврстете го цревото за усисувачот со
вклучување на цревото во приклучокот за
црево , додека не се слушне клик.
Отстранување на флексибилното црево
При отстранување притиснете ги држачите
од двете страни и повлечете.
Прицврстување на цевката и додатоците
1. Прицврстете ја цевката за крајот на цревото
со рачка. Рачката на цревото поседува
регулатор на протокот за воздух
кој
овозможува намалување на моќноста на
усисување.
2. Прицврстете ја четката за под на цевката.
3. Прицврстете го повеќенаменскиот додаток на
цевката.
Со вртење на повеќенаменскиот додаток во
правец на стрелката, може да се употребува како
четка за тапациран мебел. Повеќенаменскиот
додаток може да се користи како цевка за отвори
(за тесни места, позади радиатори, итн.)
Контролни копчиња
Вклучување / исклучување
Работењето на уредот се управува со копче за
вклучување/исклучување.
Променлива моќност
Прекинувачот за променлива моќност според
потребите ја менува моќноста на усисување. На
пример, максималната моќност може да се
користи за чистење на теписи, цврсти подови, итн.
додека намалена моќност може да се користи за
чистење на тапациран мебел и завеси.
Моќноста на усисување истотака може да се
управува со помош на регулаторот на протокот на
воздух на рачката. Затворен за максимална
моќност, отворен за намалена моќност.
Автоматско вовлекување на кабелот
После употребата исклучете го приклучокот од
струјната утичница и притиснете го копчето за
вовлекување на кабелот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При вовлекување на
кабелот секогаш држете го приклучокот,
бидејки кабелот бргу се вовлекува.
Отстранување на прашина
За добивање на најдобри резултати од Вашиот
усисувач, редовно чистете го канистерот за
прашина, бидејки во спротивно протокот на
воздух и можноста на чистење ќе се намалат .
1.Отстранете го канистерот за прашина од
уредот држејки за рачката извлечете од
уредот.
2.Држејки го канистерот за прашина над канта за
ѓубре, на прикажаниот начин притиснете го
копчетоза исфрлување на прашината, при што
ќе се отвори дното на канистерот ќе се отвори за
да се исфрли прашината.
3.Затворете го дното на канистерот за прашина
со притискање на дното нагоре додека не за
зацврсти со кликнување.
4.Вратете го канистерот за прашина на место со
ставање во усисувачот.
Summary of Contents for VC-1800
Page 2: ...VC 1800 User manual Cyclonic vacuum cleaner ENG 07 BB 4 ...
Page 3: ...VC 1800 ...
Page 4: ...VC 1800 ...
Page 5: ...VC 1800 ...
Page 6: ...Upute za uporabu HR VC 1800 BiH CG Ciklonski usisivač 07 BB 4 ...
Page 10: ...VC 1800 Korisničko uputstvo SR Ciklonski usisivač 07 BB 4 ...
Page 14: ...VC 1800 MK 07 BB 4 Упатство за употреба Циклонски усисувач ...
Page 27: ...www vivax com ...
Page 28: ...www vivax com ...