• Нежно затворете го капакот, и осигурајте се рачката да биде
правилно затворена. Немојте нагло да притискате на рачката
бидејќи тоа може да доведе до изливање на смесата од
грејните плочи
• Печите околу 3 до 5 минути, додека вафлите не
добијат златно-жолта боја
• За подигнување на вафлите секогаш користите пластична
или дрвена шпакла. Никогаш не употребувајте оштри предмети
или метал, бидејќи тие ќе ја оштетат нелепливата површина на грените
плочи.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш исклучувајте го кабелот за напојување од струја и тргајте го приклучокот пред и после чистење.
• Плочите се обложени со нелеплив слој, затоа бараат и добро одржување. Едноставно избришете ги
работните плочи со влажна крпа.
• Немојте да го потопувате апаратот во вода или друга течност.
• Немојте да користите абразивни сунѓери за стругање,прашок или сретства за чистење.
• Не го ставајте апаратот во машина за садови.
• Пред следната употреба, лесно премачкајте ги со масло работните плочи за полесно отстранување на
испечените вафли.
СКЛАДИРАЊЕ
• Секогаш исклучувајте го апаратот од приклучокот пред складирање.
• Секогаш осигурајте се апаратот да биде ладен и чист пред да го складирате.
• За да го намалите просторот за складирање во Вашата кујна, апаратот можете да го наместите и
вертикално.
ЕКОЛОШКО ОТСТРАНУВАЊЕ
Вие можете да помогнете во заштитата на
животната средина!
Ве молиме запомнете да ги почитувате
локалните регулативи: предадете ги уредите
што не работат во соодветен центар за
отстранување на отпадот.
4