85
• дали во дозната има напон.
• дали има непрекинат контакт со контактите за полнење на уредот за полнење.
За да овозможите долг рок на експлоатација на акумулаторската батерија, треба да се
грижите за навремено повторно полнење. Не дозволувајте акумулаторската батерија
да се испразни целосно. Тоа може да доведе до дефект на акумулаторската батерија!
Приспособување на правецот на вртење
Со прекинувачот за вртење на десно/лево можете да го смените правецот на вртење
на уредот. Тоа не е можно ако е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување.
Вртење во десно: за дупчење и завртување на шрафови притиснете го прекинувачот
за вртење на десно/лево кон лево до аголот на застанување.
Вртење во лево: за одвртување, односно отшрафување на шрафови притиснете го
прекинувачот за вртење на десно/лево кон десно до аголот на застанување.
Приспособување на моментот на вртежи
Акумулаторскиот одвртувач е опремен со механичко приспособување на моментот
на вртежи (2).
Со приспособувањето на моментот на вртежи (2) можете да го изберете потребниот
момент на вртежи од скала со 22 положби. Ако приспособувањето е точно, алатката
за вградување запира веднаш штом шрафот е прецизно зашрафен во материјалот,
односно е постигнат приспособениот момент на вртежи.
При одвртувањето на шрафовите изберете повисоко приспособување, односно
наместете го на симболот дупчење.
Механичко бирање на брзините
Прекинувачот за избор на брзини (4) овозможува повисок или понизок број
на вртежи за време на работењето. За да избегнете оштетување на менувачот,
прекинувачот за избор на брзина се користи само кога алатката е во мирување.
Брзина 1: предвидена за зашрафување или за работа со голем дијаметар на дупчалката.
Брзина 2: предвидена за работа со мал дијаметар на дупчалката.
Прекинувач за вклучување/исклучување
Со прекинувачот за вклучување/исклучување (6) можете непрекинато да го
регулирате бројот на вртежи. Колку повеќе го притискате прекинувачот, толку е
поголем бројот на вртежи на акумулаторската дупчалка - одвртувач.
За исклучување на електричната алатка отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Менување на алатките
Внимание! За време на сите работи (на пример менување на алатките, одржување
итн.) наместете го прекинувачот за вртење во десно/лево (5) на акумулаторскиот
одвртувач во средна положба.
• Акумулаторскиот одвртувач е опремен со брзостезна галва (1) со автоматско
заклучување на вретеното.
1252650_BDA 12 V LI.indd 85
1252650_BDA 12 V LI.indd 85
28.01.21 11:43
28.01.21 11:43