Општи безбедносни упатства за електрични алатки
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги овие безбедносни упатства, препораки,
илустрации и технички податоци, коишто се предвидени за оваа електрична
алатка. Непочитувањето на следните упатства и препораки може да предизвика
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на безбедносните упатства и препораки во иднина.
Употребениот поим „електрична алатка“ во безбедносните совети се однесува
на електричните алатки со погон на електрична струја (со електричен кабел) и со
погон на акумулаторска батерија (без електричен кабел).
1. Безбедност на работното место
a. Работната просторија да биде чиста и добро осветлена. Нередот или
неосветлената работна просторија може да доведат до повреди.
b. Не користете ја електричната алатка во околина во која постои опасност
од експлозија, односно во која што се наоѓаат запаливи течности, гасови
или честички. Од електричните алатки излегуваат искри што може да ги запалат
честичките или пареата.
c. Децата и другите лица да стојат настрана додека се користи електричната
алатка. Ако ви го одвлечат вниманието, може да изгубите контрола врз уредот.
2. Електрична безбедност
a. Приклучокот на електричната алатка мора да биде
соодветен за дозната. Приклучокот не смее да се промени
на ниту еден начин. Не користете приклучок со адаптер
заедно со заземјени електрични алатки. Немодифицираните приклучоци и
соодветните дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
b. Избегнувајте контакт со заземјени површини, како цевки, парно,
електричен шпорет и фрижидер. Постои поголем ризик од електричен удар
ако вашето тело е заземјено.
c. Држете го уредот настрана од дожд или влага. Навлегувањето на вода во
електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
d. Не менувајте ја намената на приклучниот кабел за да ја носите електричната
алатка, да го закачите или за да го извлечете приклучокот од дозната.
Држете го приклучниот кабел понастрана од топлина, масло, остри рабови
или од подвижните делови. Оштетениот или замрсениот приклучен кабел го
зголемува ризикот од електричен удар.
e. Кога работите на отворено со електричната алатка, користете продолжни
кабли коишто се исто така наменети за надворешна употреба. Користењето
на продолжен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен
удар.
f. Ако не може да се избегне користење на уредот во влажна средина,
користете заштитен уред за диференцијална струја. Употребата на заштитен
уред за диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
68
1223852_BDA_WB_1400_FMR.indd 68
1223852_BDA_WB_1400_FMR.indd 68
02.11.20 12:50
02.11.20 12:50