Управување и користење
Обрнете внимание на следниве упатства!
• Проверете ги алатките за вградување и држете ги настрана од брусилката.
• Приспособете ги и прицврстете ги сите приспособливи делови како (стаклото
за заштита од искри, потпирачот за предметот за обработка итн.) согласно ова
упатство за употреба.
• Пред да почнете со користење на алатката направете звучен тест на брусните
дискови и пробно пуштање во погон без оптоварување.
• Не користете прекумерна сила за време на острењето за да избегнете
преоптоварување на машината. Предметот за обработка може значително да се
загрее за време на острењето. Оставајте го предметот за обработка да се излади
одвреме-навреме бидејќи во спротивно постои опасност од изгореници. Оваа
брусилка е наменета за кратко брусење, па затоа исклучете ја машината најдоцна
по 30 минути. Пред да продолжите со работата почекајте машината да се излади
до степен на температурата во просторијата.
• Во секој случај избегнувајте силни удари со алатката на ротирачкиот брусен диск.
Менување на изабените делови
Ако е потребно да замените некои делови на брусилката, прво извлечете го
мрежниот приклучок од дозната.
Заменливи резервни делови
• Брусен диск
• Потпирач за предметот за обработка
Менување на брусниот диск (Слика 4)
ВНИМАНИЕ! Минималниот дозволен дијаметар на брусниот диск изнесува
110 mm
• Извлечете го мрежниот приклучок
• Одвртете ги шрафовите за прицврстување на заштитниот капак и отстранете го
заштитниот капак.
Отшрафете ги 3 шрафа на страничниот дел на заштитната хауба и отстранете ја
хаубата. Со држење на навртката на спротивната страна на држачот на брусниот диск
можете да ги разлабавите навртките (А) (Внимание! Брусниот диск е зашрафен со
лев навој!). На крај отстранете ја прирабницата (Б). Можете да го замените брусниот
диск. Монтажата се одвива во спротивен редослед на чекорите.
Внимание!
Заменетиот брусен диск мора да биде со димензии какви што се наведени во ова
упатство. За таа цел споредете ги безбедносните параметри од ова упатство за
употреба со податоците на брусниот диск.
100
1196977 BDA WB 150 DSM.indd 100
1196977 BDA WB 150 DSM.indd 100
17.11.20 10:23
17.11.20 10:23