3. Безбедност на лица
a. Бидете внимателни, внимавајте како постапувате и свесно пристапете и
на работата со електрична алатка. Не користете го уредот кога сте уморни
или пак под влијание на дроги, алкохол или лекарства. Само еден момент на
невнимание при користењето на уредот може да доведе до сериозни повреди.
b. Секогаш носете опрема за лична заштита и заштитни очила. Носењето на
опрема за лична заштита како маска против прашина, чевли кои не се лизгаат,
заштитен шлем или заштита за уши во зависност од видот и намената на
електричната алатка, го намалува ризикот од повреди.
c. Избегнувајте непланирано користење. Уверете се дека електричната
алатка е исклучена пред да ја приклучите на напојувањето со електрична
енергија/на акумулаторската батерија или пред да ја подигнете или носите.
Ако при носењето на уредот прстот ви стои на прекинувачот или ако претходно
вклучениот уред го приклучите на напојувањето со електрична енергија, може
да настане несреќа.
d. Пред да го вклучите уредот, отстранете ги сите алатки за прилагодување
или клучевите за зашрафување. Алатка или клуч, кои се наоѓаат на дел од
уредот кој што ротира, може да доведат до несреќа.
e. Избегнувајте неприродно држење на телото. Погрижете се да стоите во
сигурна положба и држете рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја
контролирате електричната алатка во непредвиливи ситуации.
f. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата,
облеката и ракавиците држете ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот и долгата коса може да бидат зафатени од подвижните делови.
g. Кога се монтираат уредот за смукање на прашина и корпата, осигуратјте се
дека тие се прицврстени и правилно се користат. Користењето на овие уреди
ги намалува опасностите од прашина.
h. Рачките да бидат суви, чисти и незагадени со масло и маснотии. Замастените,
мрсните рачки се лизгави и доведуваат до губење контрола.
i. Нозете и рацете држете ги понастрана од уредот за сечење, а пред сè кога
го вклучувате моторот.
j. Внимание! Елементите за сечење ротираат и по исклучувањето намоторот.
k. Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи деца) со
ограничени физички, моторни и психички способности или недоволно искуство и/или
недостаток на познавање, во спротивно треба да бидат надгледувани од лице поради
нивна безбедност или пак да добијат упатства од тоа лице како се користи уредот.
4. Употреба на и управување со електричната алатка
a. Не преоптеретувајте го уредот. За вашата работа користете ја електричната
алатка со соодветна намена. Со соодветната електрична алатка ќе работите
подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен.
Електричната алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е
опасна и мора да се однесе на поправка.
60
Summary of Contents for WB 2000 HLG
Page 26: ...BG WORKERS BEST 1 2 3 4 5 6 2 3 4 5 1 6 6 25...
Page 28: ...1 a b c 2 a b c d e f 3 a 27...
Page 29: ...b c d e f g h i j k 4 a b c 28...
Page 30: ...d e f g h 5 a b 1 2 29...
Page 31: ...3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 30...
Page 32: ...50 C MAX 50 C 01 Workers Best 36 02 Workers Best 03 04 05 06 07 31...
Page 58: ...MK WORKERS BEST 1 2 3 4 5 6 2 3 4 5 1 6 6 57...
Page 60: ...l 1 a b c 2 a b c d e f 59...
Page 61: ...3 a b c d e f g h i j k 4 a b 60...
Page 62: ...c d e f g h 5 a b X 1 2 61...
Page 63: ...3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 62...
Page 64: ...50 C MAX 50 C 01 Workers Best 36 12 02 Workers Best Workers Best 03 04 05 06 07 63...