Држете го приклучниот кабел понастрана од топлина, масло, остри рабови
или од подвижните делови. Оштетениот или замрсениот приклучен кабел го
зголемува ризикот од електричен удар.
e. Кога работите на отворено со електричната алатка, користете продолжни
кабли коишто се исто така наменети за надворешна употреба. Користењето
на продолжен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен
удар.
f. Ако не може да се избегне користење на уредот во влажна средина,
користете заштитен уред за диференцијална струја. Употребата на заштитен
уред за диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
3. Безбедноста на луѓето
a. Бидете внимателни, внимавајте како постапувате и свесно пристапете ѝ на
работата со електричната алатка. Не користете ја електричната алатка кога
сте уморни, или пак кога сте под влијание на дроги, алкохол или лекарства.
Само еден момент на невнимание при користењето на уредот може да доведе
до сериозни повреди.
b. Секогаш носете опрема за лична заштита и заштитни очила. Носењето
опрема за лична заштита, како маска против прашина, чевли кои не се лизгаат,
заштитен шлем или заштита за уши, во зависност од видот и намената на
електричната алатка, го намалува ризикот од повреди.
c. Избегнувајте ненамерно стартување на алатката.
Уверете се дека електричната алатка е исклучена
пред да ја приклучите во струја и/или со батерија, или пред да ја подигнете
или носите. Ако прстот ви стои на прекинувачот додека ја носите електричната
алатка или ако претходно вклучената електрична алатка ја приклучите во струја,
може да настане несреќа.
d. Пред да ја вклучите електричната алатка, отстранете ги сите алатки за
приспособување или клучевите за зашрафување. Алатка или клуч кој се
наоѓа на дел од ротирачкиот дел на електричната алатка, може да доведе до
несреќа.
e. Избегнувајте неприродно држење на телото. Застанете во сигурна позиција
и држете рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја контролирате
електричната алатка во непредвидливи ситуации.
f. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и
облеката држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека,
накитот и долгата коса може да бидат зафатени од подвижните делови.
g. Ако можете да поставите опрема за вшмукување прав, приклучете ја и
употребувајте ја правилно. Така можете да ги намалите опасностите што ги
носи правта.
h. Не користете ја алатката кога безбедноста е нарушена и не прекршувајте ги
безбедносните правила за електричната алатка дури и ако сте запознаени
со алатката поради претходно користење. Невнимателното ракување може
да предизвика сериозни повреди за дел од секунда.
102
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 102
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 102
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54