Специјални безбедносни упатства за стационарната брусилка
1. Користете заштитни очила и работете само со монтирано стакло за
заштита од искри
Брусилката смее да се користи само со монтирано стакло за заштита од искри.
Носете заштитни очила.
2. Користете само соодветни брусни дискови
Смеат да се користат само брусни дискови на коишто има соодветен натпис:
• Карактеристики (споредливи со податоците од ова упатство за употреба)
• Отвор за монтажа
• Норма
• Вид на поврзување
• Макс. дозволен број на вртежи
• Производител
Пред пуштањето во погон на брусилката и по менувањето на брусниот диск
потребно е да се направи звучен тест за дискот (брусните дискови што се
движат непречено произведуваат чист звук ако ги удрите пополека, на пример
со пластифициран чекан).
3. Складирање на брусните дискови
Брусните дискови складирајте ги на суви места на коишто температурата е константна.
4. Прицврстување на додатоците за брусење
За прицврстување на додатоците за брусење смеат да се користат само
доставените прирабници за прицврстување. Прирабницата за прицврстување
мора да има иста големина и иста форма. Дистанцерите помеѓу прирабницата
за прицврстување и додатоците за брусење мора да бидат направени од
еластични материјали, како на пример гума, тенок картон или слично. Отворот
за монтажа на брусните дискови не смее дополнително да се дупчи.
5. Пробно пуштање во погон без оптоварување
Пред отпочнувањето со работа вклучете ја брусилката за пробно пуштање во погон без
оптоварување во времетраење од 5 минути. Притоа тргнете се од сите опасни зони.
6. Прицврстување на брусилката на работната површина
Поставете ја брусилката на цврста и рамна површина и притоа уверете се
дека работната површина има соодветна висина за да можете да работите со
брусилката во положба со оптимална продуктивност. Зашрафете ја машината
цврсто на подлогата. За таа цел користете соодветни шрафови и навртки. На
подножјето на машината се наоѓаат соодветни дупки за прицврстување.
7. Мрежен приклучок
Уверете се дека прекинувачот за вклучување/исклучување е во положба за
исклучување пред да го приклучите мрежниот приклучок во дозната. На тој
начин ќе избегнете неочекувано стартување на машината.
104
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 104
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 104
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54