8. Температура на моторот
Макс. дозволена температура на куќиштето на моторот: 80 °C
9. Заштитни уреди
Брусните дискови не смеат да се користат без заштитни уреди. Пред да почнете со
работа зашрафете го горниот заштитен капак (заштитата од искри), потпирачот за
предметот за обработка и стаклото за заштита од искри.
10. Приспособете ги брусните дискови, капакот за заштита од искри и
потпирачот за предметот за обработка
Потпирачите за предметот за обработка и горниот приспособлив заштитен
капак (заштита од искри) треба да се наместат на додатокот за брусење колку
што е можно покомпактно. За да се задржи безбедноста при работењето треба
да се приспособат следниве растојанија:
Растојание
Капак за заштита од искри/брусен диск
< 2 mm
Потпирачи за предметот за обработка/брусен диск
< 2 mm
Контролирајте ги растојанијата и во текот на работењето. Со абењето на
брусните дискови се зголемуваат растојанијата. Во тој случај потпирачите
за предметот за обработка и заштитата од искри треба дополнително да се
приспособат.
11. Брусни дискови
Не користете оштетени или деформирани брусни дискови.
12. Менување на брусниот диск
Пред да почнете со менувањето на брусниот диск извлечете го мрежниот
приклучок.
13. Периферна брзина на дискот за суво брусење
Максималната периферна брзина на дискот за суво брусење изнесува:
Ø 150 = 23,16 m/s
Пресметка: Периферна брзина
m/s = d x 3,14 x n
60 x 1000
d = дијаметар на брусниот диск во mm
n = број на вртежи на моторот во минута
Пример:
m/s = 150 x 3,14 x 2950
60 x 1000
= 23,16 m/s
105
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 105
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 105
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54