14. Периферна брзина на дискот за водено брусење
Максималната периферна брзина на дискот за водено брусење изнесува:
Ø 200 = 1,37 m/s
Пресметка: Периферна брзина
m/s = d x 3,14 x n
60 x 1000
d = дијаметар на брусниот диск во mm
n = број на вртежи на моторот во минута
Пример:
m/s = 200 x 3,14 x n
60 x 1000
= 1,37 m/s
15. Претпазливост при управувањето со вода
Исклучете ја брусилката и извлечете го мрежниот приклучок. Кога го полните
садот за вода внимавајте колку што можете повеќе да не истурите вода и не
дозволувајте да истече вода врз моторот. Истечената вода избришете ја со крпа.
Максималниот капацитет на садот за вода изнесува околу 0,5 l.
Одржување и поправки
• Сите работи поврзани со одржување и поправки смеат да се извршуваат само ако
мрежниот приклучок е извлечен.
• Ако брусилката е извалкана, нејзината површина можете да ја исчистите со крпа.
• Брусилката мора да се чува или користи во сува, проветрена просторија. Штитете
ја машината од агресивни гасови. Брусилката не смее да се користи во области во
кои постои опасност од експлозија.
• Ако кај брусилката се појави дефект, обратете се кај стручно лице. Во никој случај
не извршувајте ги поправките сами. Сите поправки треба да се прават од страна
на стручно лице.
• Користете само оригинални делови од производителот.
Монтажа
Извадете ја електричната алатка од амбалажата. Пред монтажата не приклучувајте
ја во струја.
Распакување, поставување и приспособување
• Отворете го пакувањето и проверете дали се доставени сите додатоци.
• Проверете дали машината има видливи надворешни оштетувања.
• Прочитајте го упатството за употреба.
• Прицврстете ја брусилката на работната површина со шрафови.
• Приспособете го горниот капак за заштитата од искри така што максималното
растојание помеѓу брусниот диск и заштитниот капак да биде < 2 mm. (Слика од 1 до 3)
• Приспособете го потпирачот на предметот за обработка така што максималното
растојание помеѓу брусниот диск и потпирачот за предметот за обработка да
биде < 2 mm. (Слика од 2 до 3)
106
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 106
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 106
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54