• Проверете дали мрежниот напон соодветствува со податоците на табличката
на машината. Дозната што се користи мора да соодветствува со приклучокот на
брусилката. Пред приклучувањето на приклучокот во дозната проверете дали
прекинувачот за вклучување/исклучување е во исклучена положба (притиснете
го прекинувачот со ознака „0“).
(1)
(2)
(3)
Проверка на брусниот диск
Брусниот диск мора да подлежи на звучен тест. Брусните дискови што се движат
непречено произведуваат чист звук ако ги удрите пополека, на пример со
пластифициран чекан. Брусните дискови со недостаток произведуваат тап звук.
Направете пробно пуштање во погон. Тргнете се од зоната на опасност и оставете ја
машината да работи 5 минути во празен од.
Управување и користење
Обрнете внимание на следниве упатства!
• Проверете ги алатките за вградување и држете ги настрана од брусилката.
• Приспособете ги и прицврстете ги сите приспособливи делови како (стаклото
за заштита од искри, потпирачот за предметот за обработка итн.) согласно ова
упатство за употреба.
• Пред да почнете со користење на алатката направете звучен тест на брусните
дискови и пробно пуштање во погон без оптоварување.
• Не користете прекумерна сила за време на острењето за да избегнете
преоптоварување на машината. Предметот за обработка може значително да се
загрее за време на острењето. Оставајте го предметот за обработка да се излади
одвреме-навреме бидејќи во спротивно постои опасност од изгореници. Оваа
брусилка е наменета за кратко брусење, па затоа исклучете ја машината најдоцна
по 30 минути. Пред да продолжите со работата почекајте машината да се излади
до степен на температурата во просторијата.
• Во секој случај избегнувајте силни удари со алатката на ротирачкиот брусен диск.
Менување на изабените делови
Ако е потребно да замените некои делови на брусилката, прво извлечете го
мрежниот приклучок од дозната.
Заменливи резервни делови
• Брусен диск
• Потпирач за предметот за обработка
107
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 107
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 107
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54