Менување на брусниот диск (Слика 4)
ВНИМАНИЕ! Минималниот дозволен дијаметар на брусниот диск изнесува
110 mm
• Извлечете го мрежниот приклучок
• Одвртете ги шрафовите за прицврстување на заштитниот капак и отстранете го
заштитниот капак.
Поставување нов брусен диск
• Одвртете ги навртките на вретеното на брусниот диск и извлечете ја прирабницата,
дистанцерот и брусниот диск од вретеното.
• Поставете ги новиот брусен диск, дистанцерот и прирабницата на вретеното.
• Цврсто навртете ги навртките и затегнете ги.
• Наместете го заштитниот капак и цврсто зашрафете го.
• Приспособете ги капакот за заштита од искри и потпирачот за предметот за
обработка и наместете го заштитното стакло.
• Брусниот диск мора да подлежи на звучен тест и пробно пуштање во погон без
оптоварување.
• Не користете оштетени или деформирани брусни дискови.
Внимание!
Заменетиот брусен диск мора да биде со димензии какви што се наведени во ова
упатство. За таа цел споредете ги безбедносните параметри од ова упатство за
употреба со податоците на брусниот диск.
Дистанцерот којшто стои помеѓу заменетиот брусен диск и прирабницата треба да
биде гумена подлошка или тенка картонска подлошка.
Навртките на вретеното не стегајте ги премногу со цел прирабницата да не врши
голем притисок врз брусниот диск.
Предупредување! Користењето на друга прирабница и несоодветен брусен диск
може да значи опасност од повреда.
1.
Прирабница
2.
Тенок дистанцер
3.
Главно вретено
4.
Брусен диск
5.
Навртка
(4)
108
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 108
1196984 BDA WB 250 KSM.indd 108
17.11.20 09:54
17.11.20 09:54