109
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
1. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УРЕДОТ.
Прочитајте ги и почитувајте ги упатствата во упатството за употреба и на
знаковите коишто се закачени на уредот. Треба добро да бидете запознаени со
начинот на користење и капацитетот на уредот, како и со неговите специфични
карактеристики.
2. ЗАЗЕМЈУВАЊЕ НА УРЕДОТ
Уредот е опремен со 4-жилен кабел. Тој се вклучува само во заземјена дозна.
Жолто-зелената жила приклучете ја само на приклучокот за проводник за
заземјување (PE)!
3. ЗАШТИТНИТЕ УРЕДИ КОРИСТЕТЕ ГИ СОГЛАСНО ПРОПИСИТЕ И НИВНАТА
ФУНКЦИЈА.
4. ОТСТРАНЕТЕ ГИ АЛАТИТЕ И КЛУЧЕВИТЕ
Уверете се дека алатките и клучевите коишто ги користите за приспособување
на уредот не се наоѓаат во уредот.
5. РАБОТНОТО МЕСТО ОДРЖУВАЈТЕ ГО ЧИСТО
Нерасчистените работни места се често причина за несреќа. Подот не смее да
биде лизгав како резултат на влага или дрвена прашина.
6. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ОПАСНИ ОКОЛИНИ
Електричните уреди не користете ги во простории со пареа, влажни простории
или на дожд. Внимавајте на доволно осветлување. Уверете се дека имате
доволно простор.
7. ДЕЦАТА ДА СТОЈАТ НА ОДРЕДЕНА ОДДАЛЕЧЕНОСТ
Останатите лица и децата треба да стојат на одредено безбедносно растојание.
8. НАПРАВЕТЕ ЈА ВАШАТА РАБОТИЛНИЦА БЕЗБЕДНА ЗА ДЕЦА
така што ќе користите безбедносни брави за деца, главни прекинувачи и ќе ги
отстранувате клучевите за стартување.
9. СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ СООДВЕТЕН АЛАТ
Не користете алати за работи за коишто тие не се наменети.
10. НОСЕТЕ БЕЗБЕДНА РАБОТНА ОБЛЕКА
Не носете премногу широка облека, ракавици, марами или накит. Овие работи
може да бидат зафатени од подвижните делови на машината. Се препорачува
носење на обувки што не се лизгаат. Носете соодветна заштита за главата за да ја
заштитите косата. Долгите ракави завиткајте ги над лактите.
11. НОСЕТЕ ЗАШТИТНИ ОЧИЛА
Секогаш користете заштитни очила. Носете маска против прашина кога
изведувате работи за време на кои се појавува интензивна прашина и носете
заштита за уши во случај на изведување на долготрајни бучни активности.
12. ВНИМАВАЈТЕ НА СИГУРНА ПОДЛОГА ЗА СТОЕЊЕ
Секогаш внимавајте на вашата рамнотежа за време на работата.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 109
10.03.15 12:01