116
УПАТСТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ
МРЕЖЕН ПРИКЛУЧОК
Системот за вшмукување е опремен со кабел од страна на производителот.
Информациите за волтажата и амперажата ќе ги најдете на табличката на
прекинувачот и на куќиштето на моторот. Земете ги предвид пред да го приклучите
системот за вшмукување на мрежа. Користете само сигурни извори на електрична
енергија. НЕПРИДРЖУВАЊЕТО МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ШОК, ПОЖАР
ИЛИ ДЕФЕКТЕН МОТОР.
Системот за вшмукување мора да биде приклучен на уредно заземјен извор на
електрична енергија. Ако не сте сигурни дали соодветната дозна е заземјена, таа
треба да ја провери квалификуван електричар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: АКО ЗАЗЕМЈУВАЊЕТО НЕ Е СООДВЕТНО, ТОА МОЖЕ
ДА ПРЕДИЗВИКА СТРУЈНИ ИМПУЛСИ, А ПРЕД СÈ ПРИ УПОТРЕБА ВО ВЛАЖНИ
ПРОСТОРИИ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПОЈАВА НА СТРУЕН УДАР ИЛИ ПО-
ЖАР, ОШТЕТЕНИОТ МРЕЖНИОТ КАБЕЛ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАМЕНЕТ ОД СТРАНА
НА СТРУЧНО ЛИЦЕ.
УПАТСТВО ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕТО
Овој уред мора да биде заземјен. Во случај на колапс или дефект, заземјувањето
претставува заштита од струен удар. Кабелот на овој уред е соодветен за приклучокот
на заземјувањето. Приклучокот смее да се поврзе само со уредно приклучена и
заземјена дозна која е во согласност со сите локални прописи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕСООДВЕТНИОТ ПРИКЛУЧОК НА ЗАЗЕМЈУВАЊЕТО НА
УРЕДОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СТРУЈНИ УДАРИ. АКО ПОСТОИ СОМНЕЖ ВО
ОДНОС НА ИСПРАВНОСТА НА ЗАЗЕМЈУВАЊЕТО, ТОА ТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРИ
КВАЛИФИКУВАН ЕЛЕКТРИЧАР.
НЕ МЕНУВАЈТЕ НИШТО НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ОПРЕМА НА УРЕДОТ. АКО СЕ ПОЈАВИ
ДЕФЕКТ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ОПРЕМА, ДЕФЕКТНИОТ ДЕЛ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ ОД
СТРАНА НА СТРУЧНО ЛИЦЕ.
ПРЕКИНУВАЧ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ (ON/OFF)
На задната страна на куќиштето на моторот се наоѓа единицата за вклучување/
исклучување. Стартувајте го уредот за вшмукување со притискање на прекинувачот
за вклучување (ON). Исклучете со притискање на прекинувачот за исклучување (OFF).
Внимавајте децата да не дојдат во допир со прекинувачот.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 116
10.03.15 12:01