87
3. Безбедноста на луѓето
a. Бидете внимателни, внимавајте како постапувате и свесно пристапете ѝ на
работата со електричната алатка. Не користете ја електричната алатка кога
сте уморни, или пак кога сте под влијание на дроги, алкохол или лекарства.
Само еден момент на невнимание при користењето на уредот може да доведе
до сериозни повреди.
b. Секогаш носете опрема за лична заштита и заштитни очила. Носењето
опрема за лична заштита, како маска против прашина, чевли кои не се лизгаат,
заштитен шлем или заштита за уши, во зависност од видот и намената на
електричната алатка, го намалува ризикот од повреди.
c. Избегнувајте ненамерно стартување на алатката.
Уверете се дека електричната алатка е исклучена
пред да ја приклучите во струја и/или со батерија, или пред да ја подигнете
или носите. Ако прстот ви стои на прекинувачот додека ја носите електричната
алатка или ако претходно вклучената електрична алатка ја приклучите во струја,
може да настане несреќа.
d. Пред да ја вклучите електричната алатка, отстранете ги сите алатки за
приспособување или клучевите за зашрафување. Алатка или клуч кој се
наоѓа на дел од ротирачкиот дел на електричната алатка, може да доведе до
несреќа.
e. Избегнувајте неприродно држење на телото. Застанете во сигурна позиција
и држете рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја контролирате
електричната алатка во непредвидливи ситуации.
f. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и
облеката држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека,
накитот и долгата коса може да бидат зафатени од подвижните делови.
g. Ако можете да поставите опрема за вшмукување прав, приклучете ја и
употребувајте ја правилно. Така можете да ги намалите опасностите што ги
носи правта.
h. Не користете ја алатката кога безбедноста е нарушена и не прекршувајте ги
безбедносните правила за електричната алатка дури и ако сте запознаени
со алатката поради претходно користење. Невнимателното ракување може
да предизвика сериозни повреди за дел од секунда.
4. Употреба и управување со електричната алатка
a. Не оптоварувајте ја електричната алатка. Користете ја електричната алатка
со соодветна намена за вашата работа. Со соодветната електрична алатка ќе
работите подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чијшто прекинувач е дефектен.
Електричната алатка којашто повеќе не може да се вклучува или исклучува, е
опасна и мора да се однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од штекер и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите приспособување на електричната алатка,
менување на додатоците или нејзино складирање. Оваа безбедносна мерка
го спречува непланираното вклучување на уредот.
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 87
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 87
18.01.21 11:30
18.01.21 11:30