88
d. Електричните алатки што не ги користите чувајте ги надвор од дофат на
деца. Не дозволувајте алатката да ја користат лица кои не се запознаени со
начинот на работа на алатката или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога ги користат неискусни лица.
e. Внимателно одржувајте ја електричната алатка и алатките за вградување.
Проверувајте дали подвижните делови на електричната алатка
функционираат беспрекорно и дали се заглавуваат, дали се скршени или
оштетени со што би влијаеле врз функционирањето на алатката. Сменете
ги оштетените делови пред повторно да ја користите електричната алатка.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Чувајте ги алатките за сечење остри и чисти. Грижливо одржуваните алатки за
сечење, кои имаат остри рабови на сечилата, помалку се блокираат и се полесни
за управување.
g. Користете електрична алатка и алатки за вградување
согласно овие препораки. Притоа, земете ги предвид работните услови
и работата која треба да ја реализирате. Користењето електрични алатки
за други намени различни од предвидената може да доведе до опасни ситуации.
h. Рачките и нивните површини треба да бидат суви, чисти и незагадени со
масло и маснотии. Лизгавите рачки и делови за држење спречуваат безбедно
ракување и контрола на електричната алатка во непредвидени ситуации.
5. Сервисирање
a. Поправките на електричната алатка да се вршат од страна на квалификуван
стручен персонал и со оригинални резервни делови. На тој начин се
гарантира безбедноста на електричната алатка.
Безбедносни упатства за сите пили
ОПАСНОСТ:
a. Држете ги рацете подалеку од областа на сечење и од листот на пилата. Со другата
рака држете го дополнителниот држач или куќиштето на моторот.
Кога ја држите кружната пила со двете раце, тие не може да бидат повредени од листот
на пилата.
b. Не допирајте ја површината под предметот за обработка.
Заштитната хауба не може да ве заштити од листот на пилата на долната страна на
предметот за обработка.
c. Приспособете ја длабочината на сечење на дебелината на предметот за обработка.
Таа не треба да биде видлива под предметот за обработка повеќе од вкупната висина на забецот.
d. Предметот за обработка никогаш не држете го во рака и врз ногата. Предметот за
обработка поставете го на стабилна подлога.
Важно е предметот за обработка добро да се прицврсти за да се намали опасноста од
допир со телото, заглавување на листот на пилата или губење на контролата.
e. Држете го уредот само за изолираните делови на држачот кога вршите работи кај
кои алатката за сечење може да дојде во контакт со скриени струјни врски или со
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 88
1255603 WB 65 HKS N BDA.indd 88
18.01.21 11:30
18.01.21 11:30