83
• Држете ја електричната алатка само за изолираните површини на држачот
за сечилото да не дојде во контакт со сопствениот кабел. Контактот со врска
која спроведува напон може да ги стави под напон и металните делови на уредот
и да доведе до електричен удар.
• Прицврстете и обезбедете го предметот за обработка со употреба на сила
или поставете го на друг начин врз стабилна подлога. Кога предметот за
обработка го држите со рака или потпран на друг дел од телото, тој е нестабилен
и може да излезе надвор од контрола.
Емисии
Емисијата на бучава и степенот на вибрации се одредени согласно EN 60745.
• Наведената вредност на емисија на вибрации е измерена според нормирана
постапка за испитување и може да се користи за споредба на една електрична
алатка со друга.
• Вредноста на емисијата на вибрации може да се користи и за проценка на
изложеноста. Треба да се утврдат безбедносни мерки за заштита на корисникот
на уредот коишто се базираат врз проценка на изложеноста во рамките на
фактичките услови за работа.
• Вредноста на емисија на вибрации за време на користењето на електричната
алатка може да се разликува од наведената вредност во зависност од видот и
начинот на којшто се употребува електричната алатка.
Употреба
Електричната рачна машина за стружење е наменета за стружење, правење жлебови
и закосување на дрвени предмети.
Напон
Пред пуштањето во погон проверете дали напонот наведен на табличката
соодветствува со мрежниот напон.
Прекинувач
Електричната рачна машина за стружење е опремена со сигурносен прекинувач. За
да го вклучите уредот прво притиснете го страничното копче за блокирање, а потоа
и прекинувачот за вклучување. За да ја исклучите електричната рачна машина за
стружење отпуштете го прекинувачот. Прекинувачот ќе се издигне во првобитната
положба.
Вшмукување деланки
За да постигнете максимално вшмукување на деланките поврзете ја ќесата за
прашина (9) на електричната рачна машина за стружење. За таа цел ставете ја ќесата
за прашина (9) во страничниот отвор за исфрлање деланки на електричната рачна
машина за стружење. Ќесата за прашина (9) можете да ја поврзете или на левиот
или на десниот отвор за исфрлање деланки (8). Изборот на отворот за исфрлање
деланки (8) се прави со преклопката(13).
1255602 BDA WB 710 HM N.indd 83
1255602 BDA WB 710 HM N.indd 83
02.10.20 10:27
02.10.20 10:27