84
Приспособување на длабочината на стружење
Со вртење налево и надесно на прекинувачот за приспособување и управување
може да се приспособува длабочината на стружење од 0 до 2 mm. Прекинувачот за
приспособување вртете го додека тој застане во саканата положба. По завршувањето
на работата длабочината на стружење треба да се приспособи така што ножевите
ќе се соберат и на тој начин ќе бидат заштитени од оштетување. Наместете ја
длабочината на стружење на 0. Како помош во стабилизирањето може да послужи
маса за поставување на машината за стружење.
Паралелен потпирач
Паралелниот потпирач (10) користете го кога стружите паралелно со предметот за
обработка.
Монтажа на паралелниот потпирач
• Прицврстете го држачот за спојување на паралелниот потпирач (11) со шрафот за
прицврстување (12) на левата страна на уредот.
• Држачот за спојување (11) поврзете го со плочата на паралелниот потпирач (10).
• Рамката за водење мора постојано да биде свртена надолу.
• Утврдете го неопходното растојание помеѓу паралелниот потпирач (10) и работ
на предметот за обработка.
• Деловите прицврстете ги со доставената завртка и лептир-навртката.
Работни упатства
Внимание: Електричната рачна машина за стружење смее да се става врз
предметот за обработка само ако е вклучена.
Стружење на површини
Приспособете ја саканата длабочина на стружење. Поставете ја електричната рачна
машина за стружење врз дрвениот предмет за обработка со предната основна
плоча и вклучете ја. Туркајте ја електричната рачна машина за стружење преку
површината при што предната и задната основна плоча мора целосно да бидат
легнати. За финална обработка на површини приспособете мала длабочина на
стружење и обработете ја површината повеќепати.
Правење жлебови (стружење по нивоа)
• Со паралелниот потпирач (10) можете да правите жлебови.
• Фиксирајте го паралелниот потпирач (10) на левата страна на рендето.
• Монтирајте го додатокот за длабинско стружење така што шипката за мерење на
длабочината на жлебот (14) ќе ја прицврстите десно на предниот дел на рендето
со помош на шрафот за прицврстување (15).
• Разлабавете го шрафот за прицврстување (15) и позиционирајте ја шипката
за мерење на длабочината на жлебот (14) така што таа ќе ја покажува саканата
длабочина. Повторно зашрафете го шрафот за прицврстување (15).
1255602 BDA WB 710 HM N.indd 84
1255602 BDA WB 710 HM N.indd 84
02.10.20 10:27
02.10.20 10:27