37
Технички податоци:
Номинална моќност:
12 (72) W
Номинален напон / фреквенција:
230V~50Hz
Време на загревање:
4-8 мин.
Работна температура:
180 ° C
Класа на заштита:
II
Дијаметар на патроните за лепење:
11,2 mm
Прочитајте го упатството за употреба
AHS, Uhlandstraße 50, A-4600 Wels
Предвидена употреба
Пиштолот за топло лепење служи за лепење дрвен материјал, пластика, текстил,
картон, керамика, кожа и сл.
Употребувајте го уредот согласно неговата намена! Секое користење, кое што не е
во рамките на предвидената намена, не е во согласност со намената. За повредите
од секаков тип или за штетите кои настанале поради тоа, одговорен ќе биде
корисникот, а не производителот.
Нашите уреди не се наменети за користење во работилници, занаетчиство или
во индустрија. Ако уредот се користи во работилница, занаетчиски погон или
индустриски погон, тогаш гаранцијата нема да важи.
При користењето на уредите мора да се запазат одредени безбедносни
прописи за да се спречат повреди и оштетувања. Затоа прочитајте
говнимателно упатството за употреба/безбедносните упатства. Чувајте ги
внимателно со цел информациите да ви стојат на располагање во секое
време. Ако го дадете уредот на други лица, дадете им го и упатството за
употреба/безбедносните упатсва. Не преземаме одговорност за несреќи
или штети кои настанале како резултат на непочитувањето на ова упатство
или на безбедносните упатства.
1. Сервисирање
a. Поправките на уредот да се вршат од страна на квалификуван стручен персонал и со
оригинални резервни делови. На тој начин се обезбедува задржување на безбедноста
на уредот.
b. За електрични уреди со тип на прицврстување X, кај кои што е потребен специјално
подготвен приклучен кабел за замена на приклучниот кабел: Ако се оштети приклучниот
кабел на електричната алатка, тој мора да се замени со специјално подготвен приклучен
кабел кој што може да го добиете во службата за услуги за потрошувачи.